Фон дер Лајен: Аспирантите за членство да ги доближиме многу побрзо до ЕУ

„Нашите пријатели, аспиранти за членки во ЕУ, треба да ги доближиме до нас многу поблиску и многу побрзо“, објави на Икс претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во пресрет на вечерашната неформална вечера што ја организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите од земјите од Западен Балкан и членки на Унијата од регионот, на која ќе присуствува и премиерот Димитар Ковачевски.

„Мило ми е што сум во Атина за да разговараме за европската перспектива на нашите соседи и партнери од Истокот и од Западен Балкан. Ќе продолжиме да ги уриваме бариерите меѓу нашите региони“, наведе Фон дер лајен во објавата.

На неформалната вечера што ќе се одржи по повод 20-годишнината од Самитот ЕУ-Западен Балкан и „Декларацијата од Солун“, ќе присуствуваат и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, како и премиерите на БиХ – Борјана Кришто, на Косово – Албин Курти, на Бугарија – Николај Денков, на Романија – Марчел Чолаку и на Хрватска – Андреј Пленковиќ.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

Според најавите премиерот Ковачевски на маргините на собирот ќе има средба со Фон дер Лајен, која, како што најави, од прва рака ќе може да се информира од него за текот на уставните измени.

МИА

- Реклама -