СДСМ: ДПМНЕ е партија чие седиште е криминално стекната, конфискувана зграда, a почесниот претседател им е на црна листа на САД

„Партиите не се ниту Суд, ниту Обвинителство и, доколку ДПМНЕ има некакви докази за незаконски активности за било кого, треба да ги достави до надлежните институции“, порачаа денеска од СДСМ во одговор на прес-конференцијата на пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ – Драган Ковачки.

Од СДСМ велат дека немаат намера да го симнат нивото на политичка култура на она од ДПМНЕ, но истовремено порачаа дека „лицемерно е што обвинувања доаѓаат од страна на политичката партија ДПМНЕ“.

„ДПМНЕ е политичка партија чиешто седиште е сместено во криминално стекната, конфискувана зграда, којашто е и дивоградба, и чиј почесен претседател е на црната листа на САД“, велат од СДСМ, алудирајќи, секако, на Никола Груевски.

Прочитајте и:  Филипче: Не можам да објаснувам потекло на пари за нешто што немам, немам ниту хациенда, ниту луксузно возило

„Нека се запрашаат тие до каде е нивниот случај и во која фиока седи случајот за нивната зграда.

Има бројни судски пресуди за долгогодишни затворски казни, стотина осудени сегашни и поранешни партиски функционери на ДПМНЕ со нивни јавни признанија, меѓу кои и за злосторничко здружение.

Дали има и други случаи коишто седат во фиока, како на пример Делчевски ниви?

Ете, Ковачки и ДПМНЕ нека ги прашаат надлежните институции до каде е случајот ‘Делчевски ниви’ и во која фиока седи?“, одговорија од СДСМ.

- Реклама -