Кина повика Азија да биде на готовс поради ширењето на НАТО на Истокот

Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека е потребно голема претпазливост поради ширењето на НАТО на исток. Соопштението уследи откако Алијансата најави дека планира да отвори канцеларија во Јапонија, со цел да ги олесни консултациите со сојузниците во регионот.

Портпаролот на кинеското МНР, Мао Нинг, изјави дека азискиот континент е отворен за соработка и развој, но дека не треба да биде арена за геополитичка војна.

„Континуираното ширење на НАТО кон исток во азиско-пацифичкиот регион, мешањето во регионалните работи, обидите за уништување на регионалниот мир и стабилност и притисокот врз блоковска конфронтација бараат од земјите во регионот да бидат во состојба на висока готовност“, истакна Мао.

Прочитајте и:  Песков: Бајден ја ескалира ситуацијата за да ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

Претходно, весникот „Никеи Азија“ објави дека САД планираат да отворат канцеларија во Јапонија следната година. Одговарајќи на новинарско прашање, портпаролката на НАТО – Оана Лунгеску, наведе дека Алијансата нема да навлегува во детали од разговорите со сојузниците.

„НАТО има канцеларии и аранжмани за врски со бројни меѓународни организации и земји партнери, а сојузниците редовно ги оценуваат овие аранжмани за да се осигурат дека тие најдобро им служат на потребите на НАТО и на нашите партнери“, посочи Лунгеску.

МИА

- Реклама -