Зеленски: Не го извршивме ние нападот врз Кремљ

Украина не стои зад нападот со дронови врз Кремљ, изјави претседателот Володимир Зеленски, откако Москва го обвини Киев дека нападот бил обид да се изврши атентат врз рускиот претседател Владимир Путин.

„Ние не го напаѓаме Путин или Москва, ние се бориме на наша територија, ние ги браниме нашите села и градови… Немаме доволно оружје за ова… Не го нападнавме Путин. Тоа го оставаме на судот“, изјави Зеленски од главниот град на Финска, каде денеска е во ненајавена посета.

Според него, Путин ја обвинува Украина за нападот затоа што бара начин да го мотивира својот народ, бидејќи не постигнува победи во Украина.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -