14-годишник приведен во Бугарија, со кол убил македонски државјанин во Сончев Брег

Според првични информации кои македонската амбасада во Бугарија ги добила од надлежните институции на Република Бугарија, во текот на вчерашниот ден во Бугарија е пронајдено безживотно тело на 49-годишен македонски државјанин со иницијали И.Н., информира МНР.

Како што велат од министерството, во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста.

„Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби“, наведуваат од МНР.

Бугарската телевизија бТВ претходно, повикувајќи се на полицијата во Бургас, објави дека 14-годишник е приведен за убиство на македонски државјанин во Сончев Брег.

Прочитајте и:  Николоски: Повлечени се членовите на комисиите кои требаше да извршат избор на изведувач и надзор за третата делница од пругата кон Бугарија

Телото на жртвата било откриено вчера во шумска област до местото „Бачата“. Утврдено е дека станува збор за 49-годишен македонски државјанин кој влегол во Бугарија преку граничниот премин Ѓуешево на 24 јануари годинава.

Во истрагата полицијата утврдила дека убиството го извршило 14-годишно момче од Несебар. Македонскиот државјанин бил претепан до смрт со кол, наведува бТВ повикувајќи се на полицијата во Бургас.

Извор: МИА

- Реклама -