Зеленски не исклучува повлекување од Бахмут: За мене најважно е да не ја изгубиме нашата војска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека постои можност за воено повлекување од градот Бахмут на истокот на земјата.

„За мене најважно е да не ја изгубиме нашата војска. И секако ако дојде момент на уште поинтензивни случувања и опасности дека може да изгубиме луѓе, ќе има генерали кои ќе донесат исправни одлуки на лице место. Сигурен сум во тоа. Но, колку посоодветна муниција пристигне во Украина, толку побрзо ќе се соочиме со ситуацијата не само во Бахмут, туку и на целата територија на нашата земја“, рече Зеленски на средбата во Варшава со полскиот претседател Анджеј Дуда.

Зеленски рече дека ситуацијата во Бахмут е „најтешката“ во целата земја. Тој град веќе со месеци го напаѓаат руските сили.

Прочитајте и:  Кулеба: Војната во Украина нема брзо да заврши

МИА

- Реклама -