Зеленски: Цивилизираниот свет мора да ја запре војната во Украина уште годинава

Заедничка задача на цивилизираниот свет е годинава да заврши војната во Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во синоќешното редовно видео обраќање до Украинците, Зеленски потенцираше дека „сега е многу важно“ секој што има влијание врз информациите, да учествува во информативната работа.

Украинскот претседател кажа дека тоа не важи само за новинарите, туку за „сите што можат да ја шират вистината за агресијата“, односно кои можат „да го потсетат светот на украинските мажи и жени кои поминале низ окупацијата, низ загубите“, рече Зеленски.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Остин: Употребата на американско оружје за извршување удари со долг дострел во Русија нема значително да ја промени ситуацијата во Украина
- Реклама -