Џинпинг ги прекори САД и Западот за „репресијата“ што ја вршат врз Кина

Кинескиот лидер Си Џинпинг, во говор пред делегатите на годишниот конгрес во Пекинг, ги прекори САД и Западот, пренесе ДПА повикувајќи се на кинеските државни медиуми.

„Западните земји предводени од САД извршија сеопфатно задржување, опкружување и репресија на Кина, што донесе невидени сериозни предизвици за кинескиот развој“, рече Си.

„Во исто време, Кина се соочуваше со повеќе тешкотии“, додаде Си, наведувајќи ги како пример повторените епидемии на Ковид-19 и зголемениот притисок врз економијата на земјата.

Неговите коментари се издвојуваат од претходните забелешки во кои раководството на Кина главно зборуваше нејасно за „одредени земји“, без директно да ги именува САД или Западот.

Забелешките беа дадени како дел од говорот пред делегатите на состанокот на политичкиот советодавен одбор на Кина заедно со овогодишната сесија на Националниот народен конгрес.

Прочитајте и:  Кина бара СТО да реагира поради новите европски давачки за електрични возила

Извор: МИА

- Реклама -