Зеленски одлучи: Ќе продолжи одбраната на Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите воени команданти одлучија да продолжат да го бранат источниот град Бахмут, кој руските сили и платениците на Вагнер со месеци се обидуваат да го освојат.

За средбата на Зеленски со командантите информираше  кабинетот на украинскиот претседател. На средбата детално се разговарало за ситуацијата во Бахмут и учесниците се договориле да продолжат со одбранбените операции и натамошно зајакнување на позициите во градот, се наведува во соопштението.

На средбата присуствувале и шефот на кабинетот на претседателот Андриј Јермак, шефот на военото разузнавање Кирило Буданов, украинскиот премиер Денис Шмихал и главниот секретар на Советот за национална одбрана и безбедност Олексеј Данилов.

Руските сили во последната недела почна да напредуваат во обид конечно да го освојат Бахмут, градот во истоичен Донбас, што се обидуваат да го заземат уште од септемеври. Последните денешни информации се дека во и околу градот се водат жестоки улични борби.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, пак, претходно изјави дека падот на Бахмут, градот кој со месеци беше прикажуван како најсилното упориште на источниот фронт, „нема да претставува ниту оперативно, ниту стратешко нарушување“ за украинската војска.

Извор: МИА

- Реклама -