Кина ја поддржува нацрт-резолуцијата на Русија за сеопфатна и непристрасна истрага за саботажата на „Северен тек“

Кина ја поддржува нацрт-резолуцијата која Русија ја поднесе до Советот за безбедност на Обединетите нации, во која се бара формирање комисија за истрага на саботажата на гасоводите „Северен тек“, изјави за новинарите постојаниот претставник на Кина во ОН, Жанг Џун.

Кинескиот дипломат истакна дека Пекинг смета дека е легитимно барањето да се спроведе внимателна истрага за експлозиите, кои беа презентирани од земјите-членки на првата седница на Советот за безбедност во врска со пренасочувањето на Северен тек.

Според него, Кина поддржува одржување расправа за оваа тема во Советот за безбедност, како и соодветни активности за да се гарантира „добивање јасна слика за тоа што се случило и како сите кои го сториле тоа да одговараат“.

Руската мисија во ОН претходно подготви Предлог-резолуција според која Советот за безбедност на ОН ќе побара од генералниот секретар на таа организација итно да формира независна меѓународна комисија за сеопфатна и непристрасна истрага за сите аспекти на саботажата на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“.

Прочитајте и:  Москва го преименува плоштадот „Европа“ во плоштад „Евроазија“

Во документот се повикува да се истражи кои се сторителите, спонзорите, организаторите и соучесниците во диверзијата.

Терористичките напади на гасоводите преку кои рускиот гас се извезува во Европа се случија истовремено на 26 септември минатата година.

Германија, Данска и Шведска не ја исклучија можноста дека станува збор за саботажа.

Операторот на гасоводот, компанијата „Норд стрим АГ“, соопшти дека штетата на гасоводите е исклучително голема и дека не може да се утврди кога ќе се санира.

Извор: МИА

- Реклама -