Москва: САД да докажат дека не стојат зад уништувањето на „Северен тек“

САД треба да се обидат да докажат дека не стојат зад уништувањето на гасоводот „Северен тек“ што ја поврзуваше Русија со Западна Европа, соопшти Руската амбасада во САД.

Москва смета дека уништувањето на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во септември минатата година е „акт на меѓународен тероризам“ и нема да дозволи тоа да се стави под тепих, се наведува во соопштението на амбасадата.

Амбасадата се повикува на објава на блогот на новинарот Сејмур Херш, кој цитира неидентификуван извор дека нуркачите на американската морнарица ги уништиле нафтоводите со експлозив, по наредба на претседателот Џо Бајден. Белата куќа ги отфрли обвинувањата како „лажни и целосна измислица“.

Прочитајте и:  Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со „Кинжал“

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, вчера изјави дека е „чиста дезинформација дека САД стојат зад она што се случи“ со Северен тек.

МИА

- Реклама -