Трајанов му врати на Ковачевски: И јас се надевам дека тој не е и нема да остане заложник на ДУИ

„Во врска со нападите од премиерот Димитар Ковачевски, нагласувам дека во текот на вчерашниот ден гласав за повеќе закони и одлуки, но имаше паузи, при што присутното мнозинство пред да влезам во салата каде се одржуваше седницата го гласале и Договорот со ФРОНТЕКС, кој целосно го поддржувам“, изјави денеска претседателот на Демократски сојуз – Павле Трајанов, откако премиерот го искритикува зошто не гласал за договорот за Фронтекст, додавајќи дека се надева дека во иднина Трајанов „и во пракса, а не само декларативно“, ќе покаже дека останува на европскиот пат.

Во тој контекст Ковачевски изрази и надеж дека Трајанов „нема да стане заложник на Левица, како што станала ВМРО-ДПМНЕ“. Претседателот на ДС, на ова, возврати со иста мера:

Прочитајте и:  Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

„Инаку, околу моето наводно заложништво кон Левица, тоа е ниско ниво на комуникација и на ист начин можам да изјавам дека се надевам дека господинот Ковачевски не е и нема и понатаму да биде заложник на водството на ДУИ“, изјави Трајанов.

„Како и досега, немам намера никого да дискредитирам, но подготвен сум да учествувам во сите расправи поврзани со витални прашања битни за граѓаните и државата“, додаде тој.

- Реклама -