Путин на 21 февруари ќе ѝ се обрати на нацијата… ќе најави ли нова офанзива?

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари ќе одржи говор за состојбата на нацијата, соопшти денеска Кремљ.

Тоа значи дека обраќањето на Путин ќе биде три дена пред првата годишнина од почетокот на руската инвазија во Украина, која започна на 24 февруари минатата година.

„На 21 февруари претседателот на Руската Федерација ќе се обрати пред Федералното собрание (кое ги обединува двата дома на рускиот Парламент)“, најави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Како што рече тој, говорот ќе се однесува на „актуелната ситуација“, особено на руската офанзива во Украина и на економската ситуација во земјата, а ќе се одржи во Конгресната палата во близина на Црвениот плоштад.

Прочитајте и:  НАТО: Нема индиции за некаков намерен напад на територија на Алијансата

Списокот на оние кои ќе бидат поканети, покрај пратениците, сè уште се подготвува, а Кремљ сè уште не одлучил дали ќе акредитира странски новинари, додаде Песков.

Извор: МИА

- Реклама -