Вето сега не мора зашто немаме ни почнато преговори, а по уставните измени – ќе видaт, вели Милков

Шефот на бугарската дипломатија – Николај Милков, најавувајќи дека Софија со нота ќе бара безбедност на Бугарите кои ќе допатуваат во Македонија на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, денеска потенцираше дека Бугарија нема да стави ново вето на европскиот пат на земјава, во овој момент. Ново вето, потенцираше, не е неопходно затоа што „Северна Македонија не ни почнала преговори“.

„Има јасен критериум. Кога Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот – почнуваат преговорите. Тогаш веќе можеме да размислуваме до кој степен ги исполнуваат критериумите. Во моментов тоа не е потребно. Тие имаат јасен услов, тоа е европски услов, ратификуван од нашиот Парламент и прифатен од нивниот Парламент како услов. Можеби затоа што гледаат што произлегува од тие услови, затоа сега таму се создаваат овие тензии“, додаде Милков.

Извор: МИА

- Реклама -