Неучеството на „институциите на Република Северна Македонија во антибугарската хистерија веќе не е доволно“, тие ќе треба да докажат и дека активно се борат против истата, порача денеска бугарскиот претседател Румен Радев, коментирајќи ги обвинувањата од страна на македонскиот претседател Стево Пендаровски и барањето за забрана на влез во земјава за одредени бугарски политичари.
„Сега разбирате зошто на темата за македонските Бугари толку се борев да бидат заштитени во Уставот на таа страна и тоа да биде задолжителен услов за започнување на преговорите. Така што, РСМ не ги ни почна преговорите, не ја отвори вратата од собата каде што се водат овие преговори“, изјави Радев, пренесува БГНЕС.
„И очекувам институциите на РСМ да докажан не само дека не се дел од антибугарската кампања – тоа веќе не е доволно, крајно време е да докажат дека ќе се борат активно против таа кампања. Во нашиот случај, бидете сигурни, ќе бидат активирани сите европски механизми за на таа антибугарска омраза и хистерија да ѝ се стави крај“, додаде тој.