Путин нареди прекин на огнот на 6 и 7 јануари

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да воведе дводневен прекин на огнот долж целата линија на фронтот со Украина, почнувајќи од полноќ на 6 јануари.

Според соопштението од Кремљ, прекинот на огнот ќе трае до полноќ в сабота.

Русија ја повика и Украина да прогласи прекин на огнот и да им се дозволи на луѓето да присуствуваат на богослужбите на Бадник и Божик.

Советникот на украинскиот претседател, Михаил Подољак, меѓутоа, предлогот го оцени како „цинична измама и елемент на пропаганда“.

Претходно, како што беше објавено на веб страната на Руската православна црква, рускиот патријарх Кирил повика за прекин на огнот и „Божиќно примирје“ во реоните на воени дејствија во Украина.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

„Јас, Кирил, патријарх на цела Русија, се обраќам до сите страни што се во конфликтот со повик за прекин на огнот и Божиќно примирје од попладне на 6 јануари до полноќ на 7 јануари, за да можат православните да присуствуваат на Бадник и на Божик“, повика патријархот.

Извор: МИА

- Реклама -