Зеленски: Русија планира со напади со дронови да ја исцрпи Украина

Русија планира долгорочна офанзивна кампања со ирански беспилотни летала за „исцрпување“ на Украина, соопшти претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Имаме информации дека Русија планира долгорочни напади користејќи беспилотни летала Шахед, за исцпрпување на нашиот народ, нашата воздушна одбрана, нашата енергија“, рече Зеленски во своето синоќешно видео-обраќање.

Тој порача дека Украина мора „да дејствува и да направи сѐ за терористите да не успеат во својата цел, како што не успеаја и во другите цели“.

Последните неколку месеци Русија користи ирански беспилотни летала за напади насочени кон онеспособување на енергетската инфраструктура на Украина.

Техеран негира дека Русија користи ирански дронови.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)
- Реклама -