Русија ќе ја зголеми војската за половина милион војници

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска предложи зголемување на бројот на војници во руската армија, од сегашните 1 милион – на 1.5 милиони. Шојгу најави и зголемување на старосната граница за воена служба.

„Неопходно е да се зголеми бројот на вооружени војници на 1.5 милиони војници, вклучително и 695.000 војници- доброволци со договор“, му порача Шојгу на рускиот претседател Владимир Путин, кој „се согласи“ со предлозите, на состанокот за одбрана. Тие не соопштија кога војската планира да ја достигне таа цел.

На завршниот колегиум на воениот оддел, Шојгу рече дека Министерството за одбрана на Руската Федерација предлага постепено зголемување на старосната граница за регрутирање на граѓаните од 18 на 21 година, а старосната граница, односно максималната возраст за регрутирање, да се постави на 30 години, пренесува ТАСС.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Што се однесува до одржување на економијата, оние повеќе од 830.000 граѓани кои работат во претпријатијата од воено-индустрискиот комплекс и во голем број други општествено значајни области кои обезбедуваат живот на државата, ќе бидат ослободени од воен рок, истакна рускиот министер за одбрана.

Шојгу се осврна и на „специјалната воена операција“ (како што ја нарекува Москва) и порача дека истата ќе продолжи и во 2023 година, сѐ додека, како што рече, во целост не се завршат задачите.

Дополнително, Шојгу најави и формирање на нови воени единици во западниот дел на Русија, како одговор на иминентното приклучување на Финска и Шведска во НАТО.

Извор: МИА

- Реклама -