„Морам да кажам дека сум изненаден од нивото со кое Арсовска ги владее проектите. На маса ги владее. И не ми е јасно како со такво владеење во детали на проектите резултатите ги нема“, изјави новиот министер за локална самоуправа, Ристо Пенов, во интервју за „Макфакс“.
Пенов вели дека целта на Владата е да ги лоцира проблемите и каде може да помогне. Проблемите меѓу градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска, и ВМРО-ДПМНЕ, ги оцени како „политичка расправа“.
„Ние сакаме проекти. Проекти има, но тие не се реализираат“, рече Пенов, изразувајќи надеж дека „е допрено дното“ и со тоа е ставен крајот на политичките пресметки и кавгите во Град Скопје. Повеќе ТУКА.