Дуда: Нема знаци за намерен напад врз Полска, проектилот веројатно е истрелан од украинската противвоздушна одбрана

Нема знаци за смислен напад врз Полска, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда на денешната прес-конференција.

Дуда истакна дека проектилот што падна во Полска веројатно е истрелан од украинската противвоздушна одбрана. Се верува, рече полскиот претседател, дека се работи за стара ракета C-300 од советско производство. Москва, патем, денеска исто така ја идентификуваше ракетата како C-300.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пак, најави дека сега, откако стана јасно дека проектилот бил истрелан од украинската противвоздушна одбрана, може и да не се активира постапката од член 4 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува консултации меѓу сојузниците во случај на закана.

Моравјецки додаде, меѓутоа, дека НАТО ќе распореди дополнителни средства за противвоздушна одбрана на територијата на Полска.

Прочитајте и:  Русија почна контраофанзива во Курскиот регион

Извор: МИА

- Реклама -