Путин потпиша нови укази за воениот рок

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша указ со кој им се дозволува и на Русите со двојно државјанство, како и на тие кои живеат во друга држава да можат да служат воен рок.

Сега на руската армија можат да ѝ се придружат и лицата без државјанство.

Досега Русите кои имаа двојно државјанство не можеа да се приклучат на руската армија, додека странците можеа по потпишување на договор.

Путин исто така потпиша указ со кој се укинува возрасната граница за тие кои сакаат да бидат дел од руската армија.

Досега Русите кои сакаа да ѝ се приклучат на армијата мораа да бидат помлади од 40 години, а странците мораа да имаат помалку од 30 години.

Прочитајте и:  Џентилони: Г7 ќе има рамковен договор за заем од 50 милијарди долари за Украина до октомври

МИА

- Реклама -