Зеленски: Ќе разговараме со Русија, но со друга Русија – онаа што ќе признае дека е окупатор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „не ја треснал вратата“ за потенцијалните мировни преговори со Руската Федерација.

„Не ја треснав вратата. Реков дека ќе бидеме подготвени да разговараме со Русија – но со друга Русија, онаа која е навистина подготвена за мир. Онаа која е подготвена да признае дека тие се окупатори… Но само доколку вратат сѐ. Земја, права, слобода, пари. И што е најважно, правда“, рече Зеленски во интервју за Си-ен-ен, што беше објавено вчера.

Зеленски додава дека засега освен ултиматум, ништо друго не слушнал од актуелниот претседател на Руската Федерација – Владимир Путин.

„И досега не сум слушнал дека се подготвени да ги прифатат нашите, украински услови – ниту од Путин, ниту од кој било друг руски функционер“, рече Зеленски.

Прочитајте и:  Песков: САД не се најдобрата дестинација за патување на рускиот претседател

МИА

- Реклама -