Ковачевски: Кога ќе биде отворањето на клубот во Благоевград ќе одам и јас

„Јас во Бугарија сум одел на многу средби, и кога ќе биде отворањето на клубот во Благоевград и тогаш ќе одам и јас“, изјави премиерот Димитар Ковачевски во гостување во вестите на „Сител“, прашан за недостигот на наши државни претставници при посетите на Македонците во Бугарија во споредба со бугарските државни претставници кои присуствуваат на отворање на бугарските клубови во земјава.

„Вие кажавте дека бил поранешниот бугарски премиер во Битола на отворањето, и не можам да кажам дека беше многу позитивно тоа доаѓање. Сметам дека кога се оди од страна на државни претставници таа средба треба да биде официјална“, истакна премиерот.

Додаде дека треба да се испрати порака на пријателство, порака во којашто ќе се зближат граѓаните на двете држави и јасна порака за заедничка иднина на овој регион во Европската Унија.

Прочитајте и:  Реслер: С. Македонија мора да направи конкретен чекор, но и ЕУ да ја сфати геополитичката димензија - во неа нема место за билатерални уцени

„Секогаш ќе постојат провокатори, меѓутоа сметам дека официјалната политика и дека доминантниот број на граѓаните се заинтересирани за добри односи на Балканот, и добри односи може да се градат единствено доколку промовираме работи и клубови и култура коишто не зближуваат и коишто имаат позитивен одек и во минатото“, рече Ковачевски.

- Реклама -