Група демократи го повлекле писмото испратено до Бајден со барање за директни преговори со Русија за крај на војната

Вашингтон 25 октомври 2022 (МИА) – Прогресивна група демократски конгресмени испратиле писмо до Белата куќа со барање до претседателот Џо Бајден да преговара директно со Русија да се оконча војната во Украина, јави денеска Вашингтон пост.

Весникот дознава дека писмото вчера било повлечено, и тоа само ден откако демократката од Вашингтон, Прамила Џејпал, се соочила со отпор кај демократите кои укажале дека тоа е во линија на републиканците, како и кај украински службени лица, кои тврделе дека е нереалистично да се преговара со рускиот претседател Владимир Путин.

Демократите исто така биле загрижени дека писмото би извршило притисок врз Бајден кога тој се обидува да одржи домашна подршка за водење војна, во време кога Европа оди во потенцијално тешка зима и републиканците се закануваат да запрат помошта за Украина ако победат на изборите.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Весникот дознава дека писмото било подготвено уште во јуни и потпишано од 30 прогресивни демократи конгресмени како Џејми Раскин од Мериленд или Александрија Окасио Кортез од Њујорк, но дека тогашните прилики можеби налагале да се ургира за преговори со Русија, но по три месеци ситуацијата се променила.

Претставничката Сара Џејкобс, демократка од Калифорнија, во соопштение на Твитер укажа дека „го потпишав на 30 јуни, но ова писмо не би го потпишала сега. Мораме да продолжиме со економската и воената подршка за Украинците да ја добијат потребната полуга да ја завршат војната“.

- Реклама -