Кулеба: Западот не треба да доцни ни минута со противвоздушната одбрана за Украина

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, денеска на Твитер соопшти за „бараж руски ракети“ насочени против цивилната инфраструктура во Украина.

„Утрото во Украина започна со бараж руски ракети насочени кон критична цивилна инфраструктура. Дел од нив пресретнавме, други погодија цели“, посочи Кулеба.

Неговата објава, всушност, беше порака до владите на земјите од кои Украина очекува помош.

„Противвоздушната одбрана спасува животи“, потенцираше Кулеба. „Не треба да има ни минута доцнење во главните градови кои одлучуваат за системи за противвоздушна одбрана за Украина“, порача тој кон Западот.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари
- Реклама -