Зеленски: Киев не го нареди нападот на мостот на Крим, колку што знам

Киев, 20 октомври 2022 (МИА) – Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев, колку што тој е запознаен, не го наредил терористичкиот напад на мостот на Крим.

„Ние дефинитивно не нарачавме такво нешто, колку што знам“, рече Зеленски во интервју за канадската ТВ мрежа CTV.

Утрото на 8 октомври одекна експлозија на Кримскиот мост, односно експлодира камион по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движеше по железничкиот дел од мостот.

Како последица на тоа делумно се урнаа два коловози, но носачите не беа оштетени.

Во инцидентот загинаа четири лица, а рускиот претседател Владимир Путин изјави дека зад нападот стојат украински специјални служби.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

Директорот на рускиот истражен комитет, Александар Бастрикин, инцидентот на Кримскиот мост го нарече терористички напад, нагласувајќи дека зад него стојат украинските разузнавачки агенции.

- Реклама -