Лидерите од Г-7: Нападите врз цивили се воено злосторство, го сметаме Путин за одговорен; ќе ја поддржиме Украина колку што е потребно

Вашингтон, 11 октомври 2022 (МИА) – Г-7 по разговорите за Украина со претседателот Володимир Зеленски изјавија дека ќе го сметаат рускиот лидер Владимир Путин одговорен за неодамнешните воздушни напади врз градовите, вклучително и Киев.

„Најостро ги осудуваме овие напади и потсетуваме дека неселективните напади врз невиното цивилно население претставуваат воено злосторство“, се вели во соопштението на Г-7.

„Ќе бараме одговорност од претседателот Путин и од оние кои се одговорни за нападите“.

Седумте најразвиени економии во светот (Г-7) се обврзаа во заедничка декларација да и пружат помош на Украина онолку колку што е потреб но.

„Ќе продолжиме да даваме финансиска, хуманитарна, воена, дипломатска и правна помош на Украина и ќе останеме цврсто на страната на Украина се додека тоа е потребно“, се вели во заедничката декларација од денешната средба на лидерите на земјите од Г-7.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин

„Го уверивме претседателот Зеленски дека сме цврсти и непоколебливи во нашата посветеност да обезбедиме поддршка што и е потребна на Украина за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“.

- Реклама -