Столтенберг ја осуди „опасната нуклеарна реторика“ на Путин

Њујорк, 21 септември 2022 (МИА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ја осуди „опасната нуклеарна реторика“ на рускиот претседател Владимир Путин, кој изјави дека е подготвен да ги искористи „сите средства“ од својот арсенал против Западот.

„Ова е опасна нуклеарна реторика. Ова не е ново… Ќе останеме смирени и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина“, истакна Столтенберг на маргините на сесијата на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Путин, при денешното објавување на наредбата за делумна мобилизација, посочи дека Русија има помодерно оружје од она на НАТО и дека доколку постои закана за територијалниот интегритет на Русија, ќе бидат искористени сите средства. Тој додаде дека Западот сака да ја уништи Русија.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина
- Реклама -