ВМРО-ДПМНЕ: Вистината е дека со Мицкоски како директор на ЕЛЕМ струјата поевтини

Oгромна лага е дека во време на директорувањето со ЕЛЕМ на претседателот на партијата – Христијан Мицкоски, се купувало скапа струја и поскапела струјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја владејачката и, според нив, „антимакедонската“ СДСМ, дека секогаш кога спроведува криминал и прави предавства се служи со лаги.

Според ВМРО-ДПМНЕ, фактите се следниве:

1. Откако Мицкоски е именуван за советник во владата Април/2015 година, до негово разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поевтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%, а до скоро граѓаните плаќаа 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога претседателот Мицкоски е разрешен од местото генерален директор на ЕЛЕМ, или по последното поскапување од 1ви јули оваа година, граѓаните плаќаат за 50 % поскапа струја, а стопанството, поточно компаниите за 400% поскапа струја.

Прочитајте и:  ЈО да испита дали Шанси инвест послужила како параван за парите од МЕПСО да завршат кај функционери на СДС и ДУИ

2. Мицкоски ЕЛЕМ го остави со полна каса, цели 30 милиони евра, поточно 25 милиони евра депозити и 5 милиони евра пари на сметка. Сега долгот на компанијата е близу 30 милиони евра.

„Недомаќинското работење, криминалот и незнаењето да се работи се главните причини зошто граѓаните плаќаат за 50%, а компаниите за 400% поскапа струја.

Заклучокот е јасен.

Ковачевски, за да си ги покрие поразите и предавствата, лаже. Вистината е дека со Мицкоски како директор на ЕЛЕМ струјата поевтини, а денес со антимакедонската СДС се плаќа за 50% поскапа струја, а ЕЛЕМ има долгови од 30 милиони евра“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -