Зеленски: Ќе се бориме до крај

Киев, 24 август 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното обраќањето по повод Денот на независноста вети дека неговата земја ќе се бори против руската инвазија „до крај“ и нема да прави „никаква отстапка или компромиси“.

„Не ни е грижа каква војска имате, ние се грижиме само за нашата земја. Ќе се бориме за неа до крај“, посочи Зеленски во видео-обраќањето.

Инвазијата на Русија врз Украина почна пред шест месеци, а утрово одекнаа експлозии во Харков, североисточниот дел на Украина, како и во централните градови Запорожје и Днепар, соопштија локалните власти.

Прочитајте и:  Песков: Русија соодветно ќе одговори ако САД ѝ дозволат на Украина да напаѓа длабоко на руско тло со американско оружје
- Реклама -