АСЕАН: Ситуацијата во Тајван може да доведе до отворен конфликт, на светот итно му е потребна мудрост и одговорност

Камбоџа, 4 август 2022 (МИА) – Ситуацијата во Тајван може да доведе погрешни пресметки, сериозна конфронтација, отворени конфликти и непредвидливи последици за големите сили, предупредија денеска министрите за надворешни работи на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) од средбата во главниот град на Камбоџа, Пном Пен.

– На светот итно му е потребна мудрост и чувство на одговорност од страна на сите шефови на држави за поддршка на мултилатерализмот и мирниот соживот, се наведува во соопштението на АСЕАН.

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји денеска во Пном Пен ќе се сретне со претставниците на АСЕАН, како и со американскиот колега Ентони Блинкен.

Кинеската армија денеска ги почнаа најголемите воени вежби во нивната историја околу Тајван, по 24-часовната посета на претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси на Тајван.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека во текот на ноќта неидентификувани авиони, најверојатно беспилотни летала, прелетале над регионот на островите Кинмен.

- Реклама -