Тајнер: Ако Вучиќ го нападне Косово, бомбардери на НАТО ќе реагираат во рок од неколку часа – Алијансата 23 години тренира за тоа

Томас Тајнер, некогашен припадник на италијанската војска и експерт за копнените сили на НАТО и одбранбена стратегија на Алијансата, смета дека српскиот претседател Александар Вучиќ добил јасна порака од офицерите на Генералштабот за тоа што ќе се случи доколку нареди напад на Косово.

Како што пренесува српски „Данас“, Тајнер смета дека доколку Вучиќ се осуди да го нападне Косово, борбени авиони на НАТО ќе реагираат во рок од неколку часа, односно, како што пишува Тајнер на Твитер, „бомбардери на НАТО за само неколку часа ќе се појават над српските сили и ќе почнат да ги бомбардираат“.

Истовремено, во рок од 48 часа, американската падобранско-десантна бригада на италијанската војска „Фолгоре“, по воздушен пат ќе биде префрлена до аеродромот Ѓаковица кој, како што додава Тајнер, италијанската војска го изградила токму за оваа намена.

Ден подоцна, посочува Тајнер, би била активирана Механизираната бригада на италијсната војска „Пинероло“, стационирана во Бари и околината, која во рок од 2 дена ќе биде пренесена од Бриндизи (италијански град меѓу Лече и Бари) до Драч од страна на 3-тата поморска дивизија на италијанската морнарица, со помош на нивните амфибиски бродови.

Прочитајте и:  НАТО и Киев закажаа состанок: Руското експериментално оружје нема да има ефект во конфликтот, ниту ќе ги одврати сојузниците од поддршката за Украина

За да стигнат од Драч до Митровица, на борбените возила од „Пинероло“ и тенковите „Сентауро“ би им биле потребни 6 часа, благодарение на автопатот А1, кофинансиран од Запад, потенцира натаму Тајнер.

Накратко, вели тој, НАТО има планови и веќе 23 години тренира да го брани Косово.

„Ако Србите некогаш побудалат и нападнат, НАТО може да ги натсили во воздух за неколку часа, а на копно за неколку дена. А НАТО се погрижи генералите на Србија да се свесни за тоа… но Вучиќ е кловн“, пишува Тајнер.

- Реклама -