Пелоси пристигна во Тајван, Кина испрати воени авиони во Тајванскиот теснец

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, пристигна во Тајпеј, и покрај предупредувањата од официјален Пекинг да не го прави тоа, бидејќи тоа сериозно ќе ги загрози односите меѓу Кина и САД.

Пекинг смета дека доаѓањето на Пелоси е грубо кршење на внатрешните работи на Кина.

Непосредно пред да слета авионот на Пелоси, кинеската централна државна телевизија објави дека Пекинг испратил воени авиони Су-35 во Тајванскиот теснец.

Тоа е прва посета на висок американски функционер на Тајван по 25 години.

Веднаш по пристигнувањето на Пелоси, кинеското Министерство за надворешни работи остро ја осуди нејзината посета. Како што наведува Министерството, веќе упатило протест до американската страна.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

Според кинеското МНР, посетата испраќа „погрешни сигнали до сепаратистичките сили“ кои бараат „независност на Тајван“. Посетата на Ненси Пелоси сериозно го нарушува принципот „една Кина“, се посочува во соопштението.

Пелоси е на турнеја низ Азија, која вклучува посети на Сингапур, Малезија, Јужна Кореја и Јапонија.

- Реклама -