ДУИ на сите граѓани им го честита „почетокот на преговорите за членство во Европската Унија“

„Денес, по 17 години чекање, Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската Унија со што се отвораат нови перспективи за земјата и граѓаните. Полека но сигурно влегуваме во европското семејство. Демократската унија за интеграција во оваа прилика на сите граѓани им го честита овој голем ден за почеток на преговорите за членство во Европската Унија“, соопштија денеска од ДУИ.

„Ги крунисавме со успех сите напори за одржување на личен пристап како прогресивна сила заедно со сите политички чинители во државата. Демократската унија за интеграција цени дека ова се моменти на гордост бидејќи успеавме да обезбедиме нова, безбедна перспектива и европска иднина за сите граѓани на државата.

Прочитајте и:  ДУИ: Обвинувањата против Бектеши се со цел да се дискредитира партијата

Како историски ден, стануваме дел од успехот кој започна пред многу години, соочени со многу предизвици со кои се соочивме и на крајот излеговме како победници“, додаваат од партијата.

Интегративците, воедно, изразија и благодарност до сите кои придонеле за овој процес и, како што велат, нашите меѓународни пријатели, особено САД и земјите од Европската Унија, бидејќи само со нивна помош било возможно Република Северна Македонија да го започне процесот за пристапување кон Европската Унија, се наведува во соопштението.

„Историски ден, честитки до сите граѓани!“, додаваат од ДУИ.

- Реклама -