Шолц: Ве сакаме како членки на ЕУ и ќе бидеме покрај вас до крај

Скопје, 16 јули 2022 (МИА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц попладнево на „Твитер“ го поздрави гласањето на Собранието на Северна Македонија за заклучоците за францускиот предлог.

„Го поздравувам гласањето на македонскиот Парламент што го отвори патот за првите конференции за пристапување на Европската унија со Северна Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската Унија и ќе бидеме покрај вас до крај“, напиша Шолц.

Претходно, попладнево одлуката на Собранието ја поздравија и еврокомесарот за проширување Олвиер Вархеји, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

Прочитајте и:  Македонија и ЕУ потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана
- Реклама -