БЕСА го прифаќа францускиот предлог, во Уставот ќе бара измени и за албанскиот јазик

„Движењето БЕСА будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата по францускиот предлог. Уште еднаш го потврдуваме ставот на Движењето БЕСА дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива за иднината на Северна Македонија“, велат од опозициската партија од албанскиот блок.

Како што се наведува во соопштението, БЕСА е информирана од Владата за францускиот предлог и, во согласност со партиските одлуки, како што велат, БЕСА „уште еднаш потврдува дека ќе го прифати секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата“.

Прочитајте и:  Мицкоски за пренамена на средствaта за Коридорот 8: Жалам што Бугарија за внатрешно-политички потреби прави политика од сето ова

„Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата ‘јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението’ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот ‘албански јазик’ “, потенцираат од Движење БЕСА.

Од партијата уште еднаш го повторија својот став дека „Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата“ и затоа, велат, го повторуваат нивното барање за организирање на предвремени парламентарни избори.

- Реклама -