Рама ѝ одговори на Софија, повторно во свој стил: Пријатели, смирете се!

Албанскиот премиер Еди Рама му одговори на бугарското МНР за реакцијата по повод неговите изјави во однос на Бугарија и ветото за почеток на преговори за Македонија, и со тоа и за Албанија, со ЕУ.

„Ох! Бугарското Министерство за надворешни работи има проблем со мојот говор! Многу точно! И јас имам едно прашање, а тоа е како Бугарија ќе ги решава билатералните прашања користејќи го процесот на проширување како средство за киднапирање на две земји членки на НАТО! Пријатели смирете се: Тргнете го ветото или бидете трпеливи со мене!“, напиша Рама на Твитер.

Бугарското министерство за надворешни работи, во острата реакцијата за изјавите на Рама (пред сѐ онаа дека неукинувањето на ветото е срам), порача дека за „навредливите, неиспровоцирани и остри“ квалификации оправдување не може да биде „немањето европски комуникациски вештини“ и дека Софија очекува од него да се изразува на јазик „соодветен за политичар на земја кандидат за членство во ЕУ“.

Прочитајте и:  Мицкоски: Ако се сака, има начин за да нема билатерализација на целиот процес со Бугарија

„Имаме заедничка иднина со Албанија. Политичарите си заминуваат. Нациите остануваат. Нашите народи имаат заеднички интерес кој не треба да се нарушува со погрешна проценка на политичарот. Неприфатливо е односите меѓу државите да станат заложници на ексцентричноста на актуелниот албански премиер“, велат од бугарското МНР, занемарувајќи го фактот дека поради нивното вето трпи и народот на Албанија.

- Реклама -