10 најлоши вработени

Повеќе...Некои вработени си ја вршат својата работа лошо, но некои многу лошо. Еве 10 такви работници кои, по грешка или не, направиле големи штети на работното место, со тоа придонесувајќи да станат невработени.

Некои вработени си ја вршат својата работа лошо, но некои многу лошо. Еве 10 такви работници кои, по грешка или не, направиле големи штети на работното место, со тоа придонесувајќи да станат невработени.

Наставничката која по грешка им пуштила на учениците сопствена секс снимка
a97094_g056_5-teacher-sex-tape

Учениците од петто одделение во Калифорнија добиле шокантна лекција за „пчелите и птиците“, благодарение на својата наставничка Кристал Дефанти и нејзиното домашно видео. Таа нејзиното видео случајно го вметнала меѓу училишната видео арива, но грешката била забележана дури откако било испратено во куќите на учениците. Дискот почнува со нормално мени, на кое може да се видат училишните патувања, па како учениците раскажуваат за нивното училиште…и одеднаш – секс. Наставничката веднаш отишла во еден од домовите и лично им се извинила на родителите, замолувајќи ги да им се јават на сите познати со цел децата да не го видат видеото. Иако грешката е голема, наставничката е примерен член на заедницата и почитувана од родителите, па мали се шансите таа да ја изгуби работата, иако случајот се уште се испитува.

{youtube}dXvnvxo5z6c{/youtube}

Банкарот кој беше фатен на вести додека гледаше порно страници
a97094_g056_11-porn-camera

Сите сме гледале како на репортажи во живо случајно ќе влета некој во кадарот. Но, ретко може да видите како тип гледа порно страници во позадината, додека неговиот шеф дава интервју. За време на репортажата околу Австралиската економија, претставник од Macquarie банката зборуваше за каматите и инфлацијата. Најдосадната работа во светот, нели? Но баш тогаш, сите го забележаа човекот позади неговото десно рамо како гледа слики од голи жени (моделот на Victoria’s Secret – Miranda Kerr), додека си зборува со колегата. По некое време тој се врти и ја забележува камерата позади него, која го снима цело време. Банката подоцна изјави дека „работата ќе биде решена“.

{youtube}xhIu7qp5vo8{/youtube}    

Задолжениот за обезбедување кој украл роба вредна 200,000 долари за подоцна да ја продаде на eBay
a97094_g056_3-luggage-steal

Питиас Браун беше човекот задолжен за обезбедувањето на аеродромот во Њуарк, но тој си имаше и друго „хоби“. Имено, од багажот на патниците украл роба вредна 200,000 долари. Меѓу украдените работи имало и камера вредна 47,900 долари, како и друга опрема за снимање. Brown го привлекол вниманието на една од своите жртви кога се обидел да ја продаде опремата на eBay. Полицијата откри 66 камери, 31 лаптопи, накит и многу други работи во домот на Браун, кој подоцна беше обвинет за кражба.

Жената која водела дневник за тоа како ја избегнува работата
a97094_g056_4-journal-not-working

Емали Бауер била координатор за продажба во хотелот Sheraton и имала многу слободно време, но морала да изгледа зафатено за да не добие прекор. Па, таа започнала хронолошки да го забележува секој момент од нејзиниот работен ден во дневник, пополнувајќи 300 страници. Нејзиниот шеф го пронашол дневникот, со што добила… многу повеќе слободно време.
Извадок од нејзиниот дневник:
„Со ова куцање по тастатурата мислам дека успевам. Изгледа дека работам нешто многу важно и напорно“
и:
„Тука сум само поради парите и, во последно време, печатачот. Не сум постигнала ништо веќе подолго време – и се уште ме плаќаат повеќе од порано, а со помалку работа од порано. Всушност, кога ќе размислам, супер е така. Можам да купувам онлајн, да играм игри, да читам форуми и да бидам платена за тоа“

Девојката која го позајмила Ферарито од својот шеф и го смачкала
a97094_g056_7-flipped-ferrari

23-годишна девојка, возејќи го позајменото Ферари од својот шеф, изгубила контрола врз автомобилот и се превртела, предизвикувајќи штета од 125,000 долари. Таа не била повредена, но нејзиниот шеф бил малку нервозен.

Карго работникот кој заспал на смена и се разбудил 322 километри подалеку
a97094_g056_6-sleep-cargo

Работникот во компанијата JetBlue заспал во карго кабината и случајно бил испратен во Бостон, во внатрешноста на еден авион. Сидни Нурс летал 322 километри во каргото. Тој се онесвестил додека се истоварал багажот (во кој бил и тој) и не се разбудил се додека летот B6-1004 не бил подготвен за полетување. Nurse испаничил кога му текнало дека авионот е во воздух и од својот мобилен се јавил на претпоставените од JetBlue… за да им каже каде е 🙂

Хотелскиот чистач кој се истепал самиот себеси за да добие слободен ден
a97094_g056_8-beat-himself

Стивен Реид бил 23-годишен хотелски чистач во Шкотска, кој само сакал слободен ден од работа. Наместо да си побара, Реид кажал дека е нападнат. За да му докаже на својот шеф, тој извадил жилет од својот џеб и го влечел по своето лице. Тој истотака земал и камен со кој се удирал по главата и телото. Отишол во полицска станица за да го пријави „нападот“, во која подоцна изјавил дека лажел и добил казна од 100 фунти за трошење на времето на полицијата. Кога го прашале за инцидентот, изјавил: „Сега кога ќе ми текне, требаше да се јавам на работа и да им побарам слободен ден“.

Вработената во градинка која си отишла заборавајќи 2-годишно дете внатре
a97094_g056_1-daycare-center

Последната вработена која си отишла од градинката во Далас случајно заборавила 2-годишно девојче внатре, речиси 2 часа. Мајката на детето, Ешли Хантер, се јавила во полиција кога отишла да го собере девојчето. Слушнала како девојчето плаче, но не можела да влезе бидејќи портата била заклучена. Според луѓето од градинката, се работело за „проблем во комуникацијата“.

Две работнички во метро кои криеле 3.400 билети во фиока
a97094_g056_10-tickets-not-processed

Работничките требало да процесираат одреден број на билети, но наместо тоа, тие секој ден по 15-20 од нив ставале во фиока. Тие никогаш не можеле да стигнат со работата, па секој ден продолжиле да го прават истото. Кога сè било откриено, во фиоката биле најдени 3.400 билети кои не биле процесирани и ставени во системот. Службата на метрото оттогаш ставила систем со скенирање со цел ова да не се повтори, а жените биле отпуштени.

Девојката која пишувала лошо за својот шеф на Facebook, заборавајќи дека го има како контакт
a97094_g056_12-facebook-fail

Најлошата Facebook приказна од сите. Девојката почнала да пишува грдни зборови за својот шеф, па дури и го клеветела за сексуално вознемирување. Само што, заборавила дека и него го има меѓу своите пријатели, па тој прочитал сè што таа напишала. Одговорот и стигнал веднаш и таа била отпуштена… преку Facebook.
- Реклама -