„Дневник“: Францускиот предлог нуди формула која ги задоволува условите на Бугарија

Француското претседателство со Европската Унија на земјите-членки им понудило формула за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија, којашто се чини дека ги задоволува условите на Бугарија за давање согласност и прекинување на ветото, објави софискиот весник „Дневник“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, француската формула предвидува преговарачкиот процес со земјава да започне дури откако ќе се додадат измени во преамбулата на нејзиниот Устав, поврзани со „граѓаните кои живеат во државата кои се дел од други народи, вклучително и Бугарите“.

Како што пишува „Дневник“, „само тогаш брзо ќе биде свикана првата меѓувладина конференција, со што ефективно ќе започне преговарачкиот процес за членство“.

Прочитајте и:  ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ

Претходно, бугарските медиуми информираа дека францускиот предлог е испратен до парламентарната комисија за надворешна политика во Народното собрание на Бугарија.

Извор: МИА

- Реклама -