Бајден демантира: САД нема да испратат во Украина ракетни системи што можат да погодат цели во Русија

САД нема да ѝ испратат на Украина ракетни системи што можат да стигнат до Русија, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден, пренесуваат британските медиуми.

Коментарот на американскиот претседател следеше по информациите во медиумите дека неговата администрација се подготвува да испрати напредни ракетни системи со долг дострел во Киев. Според пишувањата, администрацијата на Владата на САД се подготвувала да испрати ракетни системи со дострел од стотици километри – MLRS (Мултилансерен ракетен систем, т.е. Multiple Launch Rocket System), што е едно од барањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски и официјален Киев, но што, како што потенцираат западните медиуми, Москва ќе го смета за провокативна ескалација на судирот, впрочем како и секоја друга испорака на тешко оружје.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

Украинските сили, инаку, веќе користат хаубици М777 со дострел од околу 25 километри, кои беа испорачани од САД. Батеријата M270 MLRS, од друга страна, може да истрела повеќе видови муниција, а најнапредната е способна да погоди цели и до 300 километри. Меѓутоа, може да истрела и проектили со краток дострел, до околу 70 километри, наведува Би-Би-Си.

Извор: МИА

- Реклама -