Шолц: Нема скратен пат за Украина кон ЕУ

Берлин, 19 мај 2022 (МИА) – Процесот на пристапување на Украина кон ЕУ не може да се забрза, независно руската инвазијата, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, додавајќи дека Унијата мора да изнајде „брз и прагматичен“ начин како да му помогне на Киев.

„Нема кратенки на патот кон ЕУ”, рече Шолц додавајќи дека исклучок за Украина би бил неправеден кон земјите од Западен Балкан кои исто така бараат членство.

„Процесот на пристапување не е само прашање на месеци или години”, рече тој.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои
- Реклама -