Зеленски: Сѐ уште сум отворен за преговори со Русија, предуслов е враќање на ситуацијата на 23 февруари

Лондон, 6 мај 2022 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сѐ уште е отворен за преговори со Русија, но го повтори ставот дека Москва мора прво да ги повлече своите сили на позициите пред инвазијата.

Зеленски денеска во видео обраќање во институтот „Чатам Хаус“ во Лондон рече дека предуслов за преговорите е „враќање на ситуацијата на 23 февруари“, ден пред почетокот на руската инвазија.

„Во таа ситуација ќе можеме нормално да почнеме да разговараме за работите“, а Украина би можела да користи „дипломатски канали“ за да ја врати својата територија.

Британската влада, клучен сојузник на Украина, смета дека Русија мора да биде потисната од цела Украина, вклучувајќи го и Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

И покрај засилениот напад на Русија врз источниот регион на Украина, Донбас, Зеленски рече дека сѐ уште има простор за дипломатија.

„Сите мостови сѐ уште не се уништени“, рече тој зборувајќи фигуративно.

На прашањето дали Русија наскоро ќе ја преземе целосната контрола над опколениот Мариупол, Зеленски рече:

„Мариупол никогаш нема да падне. Не зборувам за херојство или нешто слично. Нема што да падне таму, градот е веќе уништен“.

- Реклама -