Рускко МНР: Москва сака да избегне интервенција во Молдавија

Москва, 26 април 2022 (МИА) – Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Москва сака да го избегне сценариото да интервенира во самопрогласениот регион Придњестровје во Молдавија.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, денеска свика седница на Врховниот совет за безбедност поради инцидентите што се случија во самопрогласениот регион Придњестровје.

Во селото Мајак, областа Григориопол денеска одекнаа две експлозии, при што беа онеспособени двете најсилни антени на радио центарот кој емитува руска радиопрограма. Во инцидентот нема повредени луѓе.

Украинското Министерство за надворешни работи, коментирајќи ги експлозиите, истакна дека Русија се обидува да го вовлече регионот во војна против Украина. Во соопштението се наведува дека Украина го поддржува територијалниот интегритет на Молдавија.

Прочитајте и:  Подољак: Договор со Русија би било „договор со ѓаволот“
- Реклама -