Шефот на „Лукоил“, втората најголема руска нафтена компанија, поднесе оставка

Вагит Алекперов, еден од најбогатите луѓе во светот, поднесе оставка како извршен директор на втората по големина нафтена компанија во Русија – „Лукоил“, пренесе МИА.

Во соопштението, нафтениот гигант потврди дека Алекперов ќе се повлече од функцијата директор и претседател на компанијата.

Не е објаснето зошто Алекперов поднесува оставка, ниту кој ќе ја преземе функцијата.

Инаку, „Лукоил“ беше една од првите руски компании кои отворено побараа итен прекин на војната во Украина и решение на конфликтот по пат на преговори и дипломатски средства, уште на 3 март.

Прочитајте и:  Русин осуден на 14 години затвор за испраќање видеа од руската армија на Украинци
- Реклама -