Москва, 3 март 2022 (МИА) – Рускиот нафтен гигант Лукоил денеска повика на итно запирање на борбите во Украина, соопшти компанијата.
Лукоил е една од првите големи руски фирми што се изјасни против руската инвазија врз Украина.
Во соопштението на Лукоил се наведува дека нејзиниот одбор го поддржува „итниот прекин на вооружениот конфликт и целосно поддржува неговото решавање преку преговарачкиот процес и со дипломатски средства“.