„Тајмс“: Британски специјални сили „обучуваат локални војници во Украина“

Лондон, 16 април 2022 (МИА) – Британски специјални сили обучуваат украински војници на теренот во пошироката област на Киев, првпат од почетокот на руската инвазија во Украина, информира весникот „Тајмс“.

Украински команданти изјавиле за весникот дека офицери од два баталјони стационирани во и околу главниот град поминале низ воена обука во последните две недели.

„Капетанот Јуриј Мироненко, чиј баталјон е стациониран во Оболон на северната периферија на Киев, рече дека воените обучувачи дошле да им покажат на новите и вратени воени регрути да користат NLAW, противтенковски проектили кои беа испорачани од Британија во февруари на почетокот на инвазијата“, пишува „Тајмс“.

Според Би-Би-Си, британското Министерство за одбрана не ја потврди информацијата дека британски војници првпат се во Украина.

Прочитајте и:  Зеленски одби средба со Гутереш по неговата посета на Русија
- Реклама -