И Мијалков жали за одлуката на САД: Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија

Откако тоа го направи екс-премиерот Никола Груевски, сега и поранешниот шеф на УБК – Сашо Мијалков, се огласи по повод одлуката на Стејт Департментот да ги стави двајцата, заедно со нивните потесни семејства, на црната листа на САД.

Како и Груевски, и Мијалков порача дека „жали за одлуката“ и дека смета дека истата не е исправна.

Според Мијалков, истата „е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани“.

„Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија. Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде корегирана“, напиша Мијалков на својот Фејсбук профил.

- Реклама -