Груевски: Жалам за одлуката на САД, чувствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и одговорно

Поранешниот премиер Никола Груевски жали за одлуката на Стејт Департментот со која беше ставен на црната листа на САД и смета дека истата е плод на, како што вели, политичкиот прогон кој против него се води во земјава. На Фејсбук, Груевски додава дека неговите политички одлуки, вклучително и околу името на државата, му донеле многу непријатели и дека чувствува голема неправда поради одлуката, бидејќи работел многу чесно и одговорно.

„Подолг период се говореше она што денес се објави. Високи преставници на властите во Македонија не криеја во неформални кругови дека со години лобираа за истото да се случи.

Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската криза и затворањето на балканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија иритираа некои земји и ми навлекоа многу противници како што на пример беше Џорџ Сорос кој вложи многу напори и финасии за соборување на владата која ја предводев.

Прочитајте и:  Тимот на Трамп со остри критики за одлуката на Бајден: „Ова е како нова војна, сите претходни калкулации сега се ништовни“

Жалам за одлуката на State Department која ја објавија денес а меѓу другите се однесува на мене. Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на листата се неточни информации на кои подлегнале и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички прогон кој се води против мене во Македонија. Од тој аспект, иако немам никаков имот во САД, чуствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и многу одговорно борејќи се за државните и националните интереси, а при тоа колку што можев се трудев да не ги загрозам интересите на сојузниците на Македонија. Никогаш не работев за личен финасиски или матерјален интерес.

Ќе продолжам да се борам во правец да ја докажам вистината. Ќе продолжам да се борам за Македонија“, напиша Груевски.

- Реклама -