Европскиот парламент бара целосно ембарго за увоз на руска нафта, јаглен, нуклеарно гориво и гас

Стразбур, 7 април 2022 (МИА) – Европскиот парламент побара воведување на уште поостри санкции против Русија од страна на ЕУ, вклучително и целосен прекин на увозот на енергенси од таа земја, како и вклучување на Белорусија, која е сојузник на Кремљ.

Во резолуцијата усвоена денеска со 513 гласа „за“, 22 „против“ и 19 воздржани, европратениците повикаа на дополнителни санкции за Русија, вклучително и „целосно ембарго за увоз на руска нафта, јаглен, нуклеарно гориво и гас што е можно поскоро“.

Тоа треба да биде придружено со план за гарантирање на безбедноста на снабдувањето со енергија во ЕУ, како и стратегија за „запирање на санкциите доколку Русија преземе чекори за враќање на независноста, суверенитет и територијален интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и целосно да ги отстрани своите војници од територијата на Украина“.

Прочитајте и:  Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со „Кинжал“

Постојните санкции сега мора целосно и ефективно да се применат низ ЕУ и меѓународните сојузници на ЕУ како приоритет, велат европратениците. Тие ги повикуваат лидерите на ЕУ да ја исклучат Русија од Г-20 и другите мултилатерални организации, како што се УНХРЦ, Интерпол, Светската трговска организација, УНЕСКО и други, „што би било важен знак дека меѓународната заедница нема да се врати на старо со таа држава-агресор“.

- Реклама -