Германија протера 40 руски дипломати како одговор на „неверојатната бруталност“ во Украина

Берлин, 4 април 2022 (МИА) – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок ја објави одлуката за протерување на 40 руски дипломати вработени во руската амбасада во Берлин, како „персона нон грата“.

Германија протера „значителен број“ руски дипломати, што шефицата на германската дипломатија го нарече одговор на „неверојатната бруталност“ што Кремљ ја спроведе во Украина.

Овој потег на Германија следува по преземените слични чекори на европските партнери во изминатите денови како одговор на руската инвазија врз Украина.

Прочитајте и:  Подољак: Договор со Русија би било „договор со ѓаволот“
- Реклама -